23.02.2021

За 18 дена, во август е предвидено oдигрување на шест кола од претквалификациите...

Познат системот и термините за одигрување на вториот круг од претквалификациите за Мундобаскетот во 2023

По неуспехот да се квалификуваат за 41. издание на водечката манифестација во Европа, Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Македонија, Романија, Шведска и Швајцарија ќе го започнат патот кон Светскиот куп во 2023, од второто коло на Европските претквалификации, кои треба да се одржат во август 2021 година.

Претходно преку првиот круг од претквалификациите, селекциите на Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка, се квалификуваа  за наредната фаза од претквалификациите,

Овие 12. национални тимови ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две нации од секоја група.

ФИБА ги утврди датумите и распоредот на натпреварите, и ждрепката на групите, која ќе биде реализирана на крајот на март.

Ќе се играат во периодот од 11. август, кога на програмата е првото претквалификациско коло, се до 28. август, кога по завршивањњето на шестот, ќе бидат познати осумте учесници во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Осумте најдобри, плус 24 учесници на ЕП, ќе тргнат во оној регуларен дел од квалификациите за СК кои ќе почнат во ноември, 2021 година.

Засега останува непознато, дали ќе се игра според „робин системот,( секој со секого, по шест мечеви) или пак во т.н. „балони“, како што беа реализирани последните два „прозорци“ од квалификациите за ЕП 2022.    

Светскиот шампионат за прв пат од постоењето, ќе се игра во повеќе различни држави во светот, односно во Индонезија, Филипини и Јапонија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

(ако се играат поединечни натпревари, дома-гости)

1.КОЛО – 11.АВГУСТ (СРЕДА)

2.КОЛО – 14.АВГУСТ (САБОТА)

3.КОЛО – 18.АВГУСТ (СРЕДА)

4.КОЛО – 21.АВГУСТ (САБОТА)

5.КОЛО – 25.АВГУСТ (СРЕДА)

6.КОЛО – 28.АВГУСТ (САБОТА)