10.02.2017 Ждребот за четвртфиналните двојки одржан во просториите на МКФ Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017. Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за в 13.00 часот. Во вториот термин, (15.30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид. Трет натпревар на распоред (18.00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20.30) МЗТ Скопје, бранителот на КУП – титулата ќе се пресмета со Кожув. В сабота во првиот полуфинален дуел ќе се пресметаат победниците од натпреварите помеѓу Работнички и Куманово односно Карпош соколи и Вардар. Првиот полуфинален дуел ќе се одигра во 18.00 часот, два часа подоцна во вториот полуфинален дуел победниците од натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Кожув односно Фени индустри и Охрид ќе ќе го одиграат вториот полуфинален дуел. Извлекувањето на натпреварувачките броеви и имињата на екипите го извршија генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и комесарот за натпреварување при МКФ Владо Цветковски.