Познати се и сите детали околу првата фаза од натпфеварите во ФИБА Евро Купот. На посебна церемонија во Минхен, беше реализирана ждрепката за првата, групна фаза од натпреварите во оваа конкуренција во која вкупно 16 регистрирани клубови обезбедија директен пласман во регуларниот дел од сезоната, а уште 11 ќе им се придружат по елиминациите во ФИБА лигата на Шампионите.
Согласно малку изменетиот систем за натпреварување за сезоната 2020/2021, кој не предвидува квалификациски натпревари, тимовите ќе бидат поделени во седум групи. Шест од нив ќе имаат по четири, а една е со три клуба-учесници.
ГРУПА А: Егис Керменд (Унгарија), Монс/Анвил, Керавнос/Ираклис, Реџо Емилија
ГРУПА Б: Балкан/Цмоки Минск, Киев Баскет, Рилски Спортист, Прометеј
ГРУПА Ц: Ирони Нес Зиона, Шолнок, Спортинг/Фрибург Олимпик Слам Остров
ГРУПА Д: Бакен Беарс, Орадеа, Сибиу, Бешикташ
ГРУПА Е: Дњипро/Донар, Белфус/Анвил, Спортинг Фрибург, Лондон Лајонс
ГРУПА Ф: Дњипро/Донар-Керавнос/Ираклис, Морнар, Ден Бош, Борисфен
ГРУПА Г: Балкан/Цмоки, Кафенберг Булс, Парма
Датумот за почеток на натпреварите ќе биде одреден подоцна, односно на седницата на Бордот на ФИБА Европа закажана за 1. септември во Минхен.