Ланската сезона стигна до четвртфиналето, прекинот условен до појавата на пандемијата на коронавирусот, донесе и предвремен крај, без промоциј на најдобриот, на второто според квалитет натпреварување во Европа.
А на 10. јули ќе бидат познати и шестте натпреварувачки групи за новата сезона 2020/2021 година.
Евролигата ги објави имињата на 24. клубови учесници, кои доаѓаат од 15. различни држави од Европа кои се најдоа во шест квалитетни групи на носители пред петочната ждрепка закажана во Барселона.
Овие 24.екипи поделени во четири групи по шест, ќе одиграат по десет мечеви (пет на домашен, и исто толку на гостински терен) во периодот од 30.септември до 16.декември.
По четири најдобри од секоја од групите ќе обезбеди пласман во ТОП 16 фазата. Односно нови четири групи, со по четири екипи, кои ќе одиграат уште шест натпревари во групната фаза која е предвидена да се реализира од 20.декември 2020, до 3.февруари 2021 година.
Четвртфиналната серија „подобар во три“ натпревари ќе се игра во периодот од 2. до 10.март, а полуфиналните серии се на програмата од 16. до 24. март. Големото финале пак е закажано за периодот од 6. до 14.април.
Екипата на Хувентуд, за која во оваа сезона со голем успех настапуваше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (има договор и за наредната), е поставена во втората квалитетна линија заедно со уште две екипи од Шпанија, односно Андора и Гран Канарија, како и подгоричка Будуќност.
Во улога на први носители се ланските четвртфиналисти, Уникаха, Уникс, Промитеас, како и рускиот Локомотив Кубан.
1.ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Промитеас, Уникаха, Уникс, Локомотив Кубан
2.ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Будуќност, Андора, Гран Канарија, Хувентуд
3.ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Макаби Ришон, Лиеткабелис, Партизан, Тренто
4.ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Цедевита Олимпија, Виртус Болоња, Венеција, Бреша
5.ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Монако, Бурсаспор, Бахчешехир, Ратиофарм Улм
6.ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Нантер 92, Булоњ, Бург, Антверп