29.06.2022

...

Познати официјалните лица за квалификациските мечеви со Шпанија и со Украина

Судискиот оддел на ФИБА Европа ги номинираше официјалните лица за јулскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023.

Вклучително и двата натпревари на нашиот сениорски национален тим.

На средбата Шпанија-Македонија, закажана за 1. јули , од 19.30 часот, во Сарагоса, правдата ќе ја делат: Оскарс Лучис (Летонија), Дариуш Заполски (Полска) и Александр Деман (Франција), а во улога на делегат е Португалецот Жоао Креспо.

Три дена подоцна, во Скопје, дуелот помеѓу селекциите на Македонија и на Украина кој ќе се игра во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток од 18 часот, ќе го судат: Луис Ларока (Поанија), Мартинс Козловскис (Летонија) и Марек Кукелчик (Чешка), а технички делегат е Унгарецот Норберт Лугоши.