01.08.2025

---

Познати официјалните лица за натпреварот Македонија - Романија

Судискиот оддел на Светската кошаркарска федерација, ги одреди официјалните лица за првиот натпревар на македонската сениорска репрезентација во претквалификациите за СК 2027.

Судиската тројка на мечот од групата „Е“ од втората фаза од претквалификациите, Македонија-Романија, кој стартува од 20.часот (директен пренос на МРТ), во распродадената спортска сала во Куманово, ја сочинуваат Георгиос Пурсанидис од Грција, Јенер Јилмаз од Турција, односно Венцислав Великов од Бугарија. Во улога на комесар/технички делегат е Словенецот Алеш Камникар.