18.08.2025 --- Судискиот оддел на Светската кошаркарска федерација, ги одреди официјалните лица за четвртиот натпревар на македонската сениорска репрезентација во претквалификациите за СК 2027 во Катар. Судиската тројка на мечот од групата „Е“ од втората фаза од претквалификациите, Македонија-Унгарија, кој се игра на 20.август (среда), а стартува од 19.часот (директен пренос на МРТ), во СРЦ „Кале“ во Скопје, ја сочинуваат: Гатис Салинс (Летонија), Михал Прок (Полска) и Гинтарас Мачиулис (Литванија). Во улога на комесар/технички делегат е Георгиос Танацис од Грција.