02.06.2021

Регионалното натпреварување во наредната сезона ќе брои 13. екипи учесници

Познати противниците на Баскет КАМ и Бадел 1862 во јадранската лига

Менаџментот на WABA лигата го утврди и бројот на учесници за наредната натпреварувачка сезона. Во женското регионално натпреварување учество ќе земат вкуно 13. екипи.

А за прв пат од постоењето на Јадранската лига, Македонија ќе има два свои претставници. Шампионот Баскет КАМ од Македонска Каменица, и финалистот, Бадел 1862 од Скопје.

А ќе бидат во друштво на навистина силни екипи од регионот.

Врз основ на пласманот во националните првенства и во рамките на пропозициите на WABA лигата, Бордот прифатил вкупно 13.апликации од седум држави.

Согласно со пропишаните термини, своето учество го потврдиле седум екипи:

ЖКК Будуќност Бемакс (Црна Гора), ЖКК Цинкарна Цеље (Словенија), ОКК Феникс, КК Орлови-Бања Лука (БиХ), ЖКК Војводина 021 (Србија), БК Берое, БК Монтана 2003 (Бугарија)

Во вториот предвиден рок (вклучително завршувањето на нашиот национален шампионат), дополнителен рок, пополнување на национални квоти, пријави испратиле уште шест клубови:

ЖКК Бадел 1862, ЖКК Баскет КАМ (Македонија), КЖК Партизан 1953 (Србија), ЖКК Пламен Пожега (Хрватска), ЖКК РМУ Бановичи (БиХ) и ЖКК Триглав (Словенија).

Редовното годишно Собрание на WABA лигата и ждрепката за првата фаза од натпреварувањето се планирани да се одржат на 25.јуни во Славонски Брод.