19.09.2025 Новата натпреварувачка сезона 2025/2026 во оваа конкуренција ќе стартува со осум екипи учесници Познати се двојките за почетокот на натпреварите во машката аматерска лига Денеска, на состанокот на претставниците на сите клубови-учесници во натпреварувањето во аматерската лига-мажи и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во третото, според рангот, натпреварување за сезоната 2025/2026. Клубовите кои испратија пријави за учество во ова натпреваруавње, ги добија следните натпреварувачки броеви: 1. ИБА баскет 2. Дибра Иглс 3. Винеам 4. Чаир 5. Шар Планина 6. Хераклеа 7. Конзули 8. Гевгелија Согласно Бергеровиот систем за натпреварување, формирани се и двојките за првото првенствено коло во оваа конкуренција: ДВОЈКИ ПРВО КОЛО Гевгелија – ИБА баскет Дибра Иглс - Конзули Хераклеа - Винеам Чаир – Шар Планина