13.09.2023

Новата сезона во оваа конкуренција ќе стартува со 20. екипи учесници, поделени во две групи

Познати се двојките за почетокот на натпреварите во Третата лига-мажи

Денеска, на состанокот на претставниците на сите клубови-учесници во натпреварувањето во Третата лига-мажи и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во третото, според рангот, натпреварување за сезоната 2023/2024.

Клубовите во групата „Исток“ ги добија следните натпреварувачки броеви:

1.Младинец

2.Баскет кам

3.Вардар

4.Струмица

5.Ролинг

6.Бутел

7.Феникс спорт

8.Водњански лисици

9.Гевгелија

10.Овче поле

Клубовите во групата „Запад“ ги добија следните натпреварувачки броеви:

1.Феникс баскет

2.Тетова универзитет

3.ИБА академија

4.Црн дрим

5.Гостивар

6.Дибра Иглс

7.Љуботен

8.Хераклеа

9.Албес

10.Охрид

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 10 екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло во оваа конкуренција:

ДВОЈКИ 1. КОЛО

ИСТОК

Младинец – Овче поле

Баскет кам – Гевгелија

Вардар – Водњански лисици

Ролинг - Бутел

Струмица - Феникс спорт

ЗАПАД

Феникс баскет – Охрид

Тетова универзитет – Албес

ИБА академија – Хераклеа

Црн дрим – Љуботен

Гостивар – Дибра иглс