12.09.2023

Осум екипи во Првата А лига, две повеќе во Првата Б лига ќе се натпреваруваат во сезоната 2023/2024

Познати се натпреварувачките броеви на екипите во Првата лига-жени

Новата првенствена сезона и во Првата лига-жени може да почне...

Денеска, на состанокот на претставниците на сите клубовите-учесници во сениорското натпреварување во женска конкуренција и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата А и во Првата Б лига-жени за сезоната 2023/2024.

Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:

ПРВА А

1. Баскет Кам 2011
2. МЗТ Скопје
3. Куманово 2020 - Гризли
4. Вардар
5. Бадел 1862
6. Пробаскет Академија
7. Крива Паланка
8. Струга 2009

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 8 екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло.

ДВОЈКИ 1. КОЛО

Струга 2009 – Баскет Кам 2011
МЗТ Скопје – Крива Паланка
Пробаскет Академија – Куманово 2020-Гризли
Вардар – Бадел 1862

 

ПРВА Б

1. Шкупи
2. Јанбор
3. Гостивар 2009
4. Слободен
5. Тим Арена
6. Спорт Тим
7. Риниа
8. Патриот 2016
9. Пониква
10. ГКК Охрид

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 10 екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло.

ДВОЈКИ 1. КОЛО

Шкупи – Спорт Тим
ЈанБор – Риниа
Гостивар 2009 – Патриот 2016
Слободен– Пониква
Тим Арена – ГКК Охрид