12.09.2023

Ждрепката посака во првото коло да се сретнат новите прволигаши, Охрид и Вардар

Познати се натпреварувачките броеви во Првата лига-мажи, сезоната стартува на 30 септември

Новата првенствена сезона во Првата лига-мажи може да почне...

Денеска, на состанокот на претставниците на сите 12. клубови-учесници во најквалитетното натпреварување и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2023/2024.

Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:

1.Гостивар

2. Академија ФМП

3.Чаир 2030

4.Кожув

5.Работнички

6.ТФТ

7. Пелистер

8. Еуро Никел 2005

9. Феникс 2010

10.МЗТ Скопје Аеродром

11.Вардар

12.Охрид

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12.екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува на 30.септември:

ДВОЈКИ 1. КОЛО (30.09/01.10,2023)

Гостивар – Пелистер

Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Чаир 2030 – Феникс 2010

Кожув – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – ТФТ

Вардар – Охрид