21.08.2023

Претквалификациските турнири ги поминаа: Полска и Хрватска, односно Камерун, Бахреин и Бахами...

Познати се петте учесници во олимписките квалификации

ФОТО: Селекцијата на Бахами ги изненади „гаучосите“ на нивниот терен во Аргентина

Овој викенд станаа јасни и петте национални светски репрезентации кои обезбедија место во оние квалификации за летните Олимписки Игри во Париз 2024 година.

Победниците на петте турнири кои за прв пат ги реализираше ФИБА, се селекциите на Полска и на Хрватска (од Европа), потоа Камерун (Африка), Бахреин (Азија) и Бахами (Америка).

Се чини дека селекцијата на Бахами е најпријатното изнендување по одигрувањето на овие турнири. Но само за оние кои не ги следат случувањата во светската кошарка.

Мора да се земе в предвид дека за оваа репрезентација настапуваат дури тројца, и тоа како квалитетни играчи од НБА лигата како Диандре Ејтон, Бади Хил, и Ерик Гордон, предводени од селекторот Кристофер Демарко (асистент тренер во Голден стејт).

А токму Бахами беше двапати подобар од домаќинот на турнирот во Ла Банда. Во финалето „меч-винер“ беше токму Гордон, кој во финишот реализираше три од своите шест тројки (од седум обиди) во натпреварот на одлуката, во кој постигна 27.поени, а Бахами го доби со резултат (82:75).

Репрезентацијата на Бахреин излезе како победник на турнирот кој се играше во Дамаск (Сирија), благодарение, во голема мерка на нивниот лдиер Мустафа Рашед. Ги добија сите пет натпревари на турнирот на кој учесвуваа уште и репрезентациите на Саудиска Арабија, Индија, Казахстан, Индонезија и домаќинот – Сирија.

Камерун е најдобрата селекција од Африка на турнирот кој беше организиран во Лагос (Нигерија). Тие го победија Сенегал со (80:74), во големото финале, по заслуга на 19.поени кои дојдоа од Самир Гбетком, како и 14 асистенции на Џеремаја Хил.

Како што е познато, во Европа се играа два турнири. Освео но во Гљивице, се играш уште еден, во Истанбул.

Селекцијата на Полска е и единсвената која го потврди „домаќинството“, со пласман во олимписките квалификации откако во доста неизвесен меч, решечн буквално во последната минута, ја победија БиХ (76:72).

Уверлив настап на Босфорот имаше селекцијата на Хрватска. По подолго време „коцкастите“ покажаа игри како што тоа од нив и се очекуваат. Го потврдија успешниот настап со голема победа на домаќинот на овој собир Турција (84:71).

Блескаше Дарио Шариќ, стрелец на 22. поени, дополнети со 11.скока во натпревар во кој неговата екипа доминираше во најголем дел.

 

Кој ќе игра во квалификациите за олимпискиот турнир во Париз?

Директен пласман на Олимпијадата во Париз ќе има за најдобрите седум селекции на претстојниот Светски Куп кој оваа седмица стартува во Јапонија, Индонезија и Филипините, како и за домаќинот на Игрите – Франција.

Останатите четири места ќе се поделат преку четири квалификациски турнири кои ќе се одржат за една година, а на кои ќе учествуваат вкупно 24. национални селекции од целиот свет.

Освен овие пет кои се изборија за настап преку претквалификациите, ќе има место и за 16. најдобро пласирани репрезентации на Мундобаскетот, и уште три највисоко рангирани тимови од Африка, Америка и Азија/Океанија.

Само победниците на овие четири турнири ќе обезбедат тикет на игрите во Париз кои ќе се играат од 26.јули до 11.август, 2024 година.