ФИБА Европа го потврди списокот на учесници во наредното издание на Евролигата-жени, вклучително и клубови кои беа дел од четвртфиналето во прекинатата сезона.
Планирано е ждрепката за ова како и натпреварите во Еврокупот-жени да биде реализиран во Минхен, на 17.август, а дополнително, на 1.септември на Бордот на ФИБА Европа, ќе следува одлуката за почеток на натпреварувањето.
Пријави за учество во најквалитетното женско натпреварување на Стариот континент испратиле вкупно 18.клубови. Од нив 14. имаат директен пласман во онаа прва, групна фаза, додека четири ќе разигруваат за пласман во елитниот сегмент од женската кошарка.
Директен пласман во една од четирите групи обезбедија екипите на:
Екатеринбург, Динамо Курск (Русија), Лион Асвел Феминин, Танго Бурж Баскет (Франција), Фенербахче, Галатасарај (Турција), Шопрон Баскет (Унгарија), Арка Гдиња (Полска), ЦБ Авенида (Шпанија), УСК Прага (Чешка), Фамила Баскет Скио (Италија), ТТТ Рига (Летонија)
Во првото квалификациски коло (два натпревари, дома-гости) ќе се сретнат екипите на:
Алуинвент Мишколц (Унгарија)-Измир Беледиеспор (Турција)
Спар Ситилифт Џирона (Шпанија)-АЦС Сепси Сиц (Романија)
Победниците на овие две натпреварувачки двојки ќе бидат 15, односно 16. учесник на ФИБА Евролига-жени за сезоната 2020/2021.