03.07.2020

Вкупно 44. клуба од Европа ќе се борат за трофејот во најквалитетното натпреварување во организација на Светската кошаркарска федерација.

Познати учесниците во ФИБА Лигата на Шампионите

Раководството на ФИБА Лигата на Шампионите ја објави конечната листа на учесници за наредното издание на ова натпреварување.

За сезоната 2020/2021 се пријавиле вкупно 44.клубови, а 28 од нив се директни учесници во оној регуларен дел од сезоната.

Преостанатите 16 ќе се борат за уште четири места кои ќе ја заокружат бројката од 32. екипи учесници во групната фаза на ова најквалитетно натпреварување кое е во организација на ФИБА, која ждрепката ја предвиде за 15.јули.

Од таму се уверени дека петтото издание на Лигата на Шампионите ќе биде и најквалитетното досега. Со учество на вкупни 14.национални шампиони од 35 различни земји од Европскиот континент.

Со оглед на околностите кои ги предизвика епидемијата со коронавирусот, плановите се првите две квалификациски рунди да стартуваат на 15. септември. Неполн месец подоцна, од 13.октомври би стартувала онаа регуларна фаза која ќе се игра во четири натпреварувачки групи (со по осум екипи).

Првопласираните четири од секоја група обезбедуваат пласман во ТОП 16 рундата (ќе се игра според принципот „подобар во три“ натпревари). Најдобрите осум (по истиот принцип) ќе играат во четвртфиналето, а победниците од четирите четврфтинални плеј-оф серии ќе бидат дел од „фајнал-фор“ турнирот чиј датум и место на одигрување ќе биде дополнително објавен од страна на ФИБА.

Шампионот во ова натпреварување ќе добие парична награда од еден милион евра.

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

Учесници во регуларен дел од сезоната

АЕК, Перистери (Грција), Бросе Бамберг (Германија), Сарагоса, Тенерифе, Билбао, Сан Пабло Бургос, (Шпанија), Шоле, Дижон, Лимож, Стразбур (Франција), Дарушафака, Галатасарај, Пинар Каршијака, Тофас, Турк Телеком (Турција), Динамо Сасари, Фортитудо Болоња, Бриндизи (Италија), Нимбурк (Чешка), Фалко Вулкано (Унгарија), Остенде (Белгија), Хапоел Ерусалим, Хапоел Холон (Израел), Нижњи Новгород (Русија), Ритас Вилнус (Литванија), Старт Лублин (Полска), ВЕФ Рига (Летонија)

Учесници во квалификациските рунди

Анвил Влоцлавек (Полска), Бакен Беарс (Данска), Балкан Ботевград (Бугарија), Монс (Белгија), Дњипро (Украина), Донар Гронинген (Холандија), Фрибург Олимпик (Швајцарија), Хапоел Тел Авив (Израел), Игокеа (БиХ), Ираклис (Грција), Керавнос (Кипар), Лондон Лајонс (В.Британија), Нептунас Клаипеда (Литванија), Спортинг (Португалија), Цмоки-Минск (Белорусија), Клуж Напока (Романија)