11.08.2020

Исто како и за натпреварите во Евролигата, ждрепката ќе се одржи на 17. август во Минхен

Познато е кој ќе игра во женскиот дел на ФИБА Еврокупот

ФИБА Европа го потврди списокот на учесници во наредното издание на Еврокупот-жени.

Планирано е ждрепката за ова како и натпреварите во Евролигата-жени да биде реализиранa во Минхен, на 17.август, а дополнително, на 1.септември на Бордот на ФИБА Европа, ќе следува одлуката за старт на првата фаза од натпреварувањето.

Пријави во второто, според квалитет, женско натпреварување на Стариот континент испратиле вкупно 33.клубови. Дополнително ќе им се приклучат уште два клуба (поразените во квалификациите за Евролигата), и од вкупниот број 35, преку квалификации ќе се добие бројката од 32.клубови-учесници во сезоната 2020-2021.

Согласно со системот за натпреварување, ќе се игра во две конференции (според географска припадност).

Директен пласман во една од осумте групи обезбедија екипите на:

КОНФЕРЕНЦИЈА-1 (ВКУПНО 16 УЧЕСНИЦИ)

Поразен Евролига-квалификации-1, Спартак Московски регион-Видноје, МБА Москва (Русија), Орманспор Генчлик, Кајзери, Елазиг, Бујукшехир Адана, Хатај (Турција), Атомерому, Уни Ѓер, ЦЕКК Цеглед (Унгарија), АЗС Хоржов (Полска), Брно (Чешка), Баскет Умеа (Шведска), Неве Давид Рамла (Израел), Прометеј (Украина)

КОНФЕРЕНЦИЈА-2 (13 КЛУБА, ПЛУС ТРИ МЕСТА ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ)

Поразен Евролига-квалификации-2, Ландерно Бретањ Баскет, Флејмс Кароло Баскет, Рош Венде Баскет, ЕСБВА-ЛМ (Франција), Лоинтек Герника Бизкаиа, Валенсија, Кади Ла Сеу (Шпанија), Умана Рејер Венеција (Италија), Касторс Бреин, Баскет Хема СКВ, Фантом Баскет Бум (Белгија), Елфик Фрибург (Швајцарија)

 

КВАЛИФИКАЦИИ, ГРУПА-1 (НОСИТЕЛИ)

Сен-Аманд Хино Баскет (Франција)

Кларинос Де Ла Лагуна (Шпанија)

Баскет Намур Капитал (Белгија)

КВАЛИФИКАЦИИ, ГРУПА-2 (НЕНОСИТЕЛИ)

Кангарос Мехелен (Белгија)

Винтертур (Швајцарија)

Гренгевал Хуштерт (Луксембург)

*Победниците од квалификациите влегуваат во Конференцијата-2 од ФИБА-Еврокупот-жени