08.07.2021

Селекцијата „Под 20“ години го запиша и вториот плус во подготвителниот период, бевме подобри од Бугарија (81:70).

Пред нашите младинци „падна“ и Бугарија

Со половичен ефект, од две победи и два порази, го завршија нашите кошаркари во селекцијата „Под 20“ години турнирот во Скопје.

По победата над Украина, и двата порази од селекцијата од САД, наречена  „Атлети во акција“, стигна и победата над соодветната селекција на Бугарија.

МАКЕДОНИЈА У20 – БУГАРИЈА У20    81:70

Одлично прво полувреме одиграа нашите млади кошаркари во дуелот со екипата на Бугарија, Го крунисаа со повеќе од убедливо водство (46:25) и ја најавија втората победа во периодот од подготовките за настап на ФИБА „Челенцер“ турнирот во унгарскиот Шопрон.

Во нашиот национален тим поентерски, во тоа прво полувреме доминираше Лејсон Зекири, стрелец на 14. поени. Но добро функционираа, во фазата на нападот, пред сè, и другите членови на стартната петорка.

Тоа беше видливо и во резултатот. По тесните (17:14) во првата четвртина, работите се променија, во корист на нашата селекција. До крајот на првото полувреме избраниците на селекторот Тони Симиќ ја одиграа можеби и најдобрата четвртина од почетокот на контролните натпревари.  

До истекот на 20.минута, нашата младинска селекција направи предност од 21. поен, (46:25).

Работите не се сменија ниту по големата пауза од 15.минути. Водството од дваесет и плус, поени, нашите кошаркари успешно го бранеа. Па на влезот на последната четвртина, беше слично како и на полувремето.

Водевме со високи (67:47)...

Слично беше и по две минути од последниот период, (69:50). Дел од играта во кој Зекири веќе имаше 20. реализации, додека Андоноски имаше 10, и беше вториот двоцифрен играч во нашата селекција.

Во последниот период, гостите од Бигарија симаа скор половина од таа висока негатива. Намалија на (65:76), потоа и на (70:79) кога останаа да се доиграат нецели две минути. Но не направија и нешто повеќе, па победата, сосема заслужена остана за домашната селекција.

И за овој натпревар, селекторот Тони Симиќ имаше на располагање 14. кошаркари на кои селекторот им даде одредена минутажа на оваа успешна проверка.

Вечерва, од 20.30 часот, на теренот во СРЦ „Кале“ ќе истрчаат селекцијата на Украина и онаа на „Атлети во акција“.