Со двата порази во претквалификациите за СК 2019 година во Кина, го расипавме впечатокот во дуелите со нашиот прв противник во квалификациите за Евробаскетот 2021.
Македонската кошаркарска репрезентација, традиционално, добро ги играше мечевите против противникот од Балтикот. Но не и последните два натпревари кои беа дел од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп кој се одржа 2019 година во Кина.
На 5. август, 2017 година. во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ несреќно го загубивме тој прв меч од европските претквалификации за пласман на Светскиот Куп. Пред својата публика бевме поразени со резултат (76:80).
Десетина дена подоцна, на 16 август, го игравме и вториот меч од претквалификациите против Естонија. И тоа во Талин во салата „Саку Сурхал“. За жал, и тој натпревар го загубивме со резултат (65:74) и бевме елиминирани од понатамошното натпреварување.
Како мало потсетување, на таа средба во главниот естонски град настапија Кирил Николовски, Бобан Стајиќ, Александар Костоски, Војдан Стојановски, Диме Тасовски, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски, Џордан Теодор, Љубомир Младеновски. Од составот кој го одбра тогашниот селектор Јорданчо Давитков, а кој играше во Скопје, го немаше единствено Марјан Јанески.
А во минатото, Македонија може да се пофали со три успеси во дуелите со борбените Естонци.
Во квалификациите за пласман на ЕП од Дивизијата „А“, на средбата одиграна на 10.септември 2008 година го освоивме Талин со резултат (90:78). Десет дена подоцна, на 10. септември, го потврдивме успехот со победата на дуелот во Скопје (87:75).
Со Естонија игравме и една година порано, исто така во квалификациите за ЕП од Дивизијата „А“.
Откако, на 13.август го загубивме дуелот на гостински терен со (66:72), им се реванширавме, и тоа со камата, на Естонците. Во Скопје, на 22. август 2007 година беше неверојатни (95:50) за Македонија.
Тоа е една од најубедливите победи на „црвено-жолтите“ од осамостојувањето на нашата земја.
Во предвид треба да се земе и оној прв натпревар на нашиот национален тим. На евро-квалификациите во Вроцлав, на 30. мај, 1993 година, когa загубивме од тимот од Балтикот (74:60).