28.04.2017

Предавање на Д-р Андреј Швент  на Спортската Академија

Идниот четврток (4. мај 2017 година) Д-р Андреј Швент ќе одржи предавање на тема „Физиолошки аспекти на влијанието на 448 kHz радиофреквенција при акутни и хронично мускулно скелетни проблеми, повреди на зглобовите и спортска регенерација“ на Спортската Академија во Скопје со почеток во 11:00 часот.

Бидејќи местата се ограничени, присуството на сите заинтересирани треба да се потврди најдоцна до 2. мај со испраќање на име и презиме на лицето кое има желба да присуствува.

Повеќе информации на следниот линк.

*Фотографијата е преземена од сајтот на Спортската академија.