На глобално ниво, Светската кошаркарска федерација има многу причини за задоволство. Во време на пандемијата ФИБA не стагнираше, напротив успе да пронајде начин за најде решенија за проблемите во многу сегменти.
За тоа при „ЗООМ“ состанокот со претставниците на престижните светски спортски медиуми од сите светски меридијани, говореше Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА.
„Оваа 2021 година беше доста успешна, и ги надмина сите очекувања. Се сеќавате дека доаѓаме од годината на одложени Олимписки игри и во само девет дена ФИБА поттполно го промени распоредот. Имавме среќа и можности сепак да одиграме четири олимписки турнири, плус квалификции за 3х3 и континентални натпреварувања во женска конкуренција. Најголем успех е што успеавме да ги завршиме континенталните квалификации, илјадници играчи патуваа низ светот без да се разболат, затоа што учествуваа во нашите натпреварувања. Благодарен сум поради тоа, поради работата на федерациите, лигите, клубовите...
Продолжувме со нашата стратегија каде имаме три столба. Имавме многу успеси со стратегијата ‘жените во кошарката’. Една дама го судеше машкото финале во ‘3х3’ во Токио. Продолжуваме со програмите со жените меѓу тренерите и меѓу лидерите. Женската Евролига е засилена кога станува збор за ТВ преносите, а се трудиме најдобрите кошаркарки на светот да ги ставиме таму каде што им е и местото.
Работиме на зголемувањето на ФИБА семејството, Во „Еспортс“ учествуваа 70.земји. Имавме „Фајнал-фор“ турнири во Лигата на Шампионите во Европа и во Америка. Во Америка се играше пред полни трибини, додека во Европа, турнирот беше во Нижњи Новгород, каде салата беше фантастична. Сега шампионите одат за Каиро, на Интерконтиненталниот Куп. Замалек ќе игра за прв пат, и ќе биде домаќин. Тука е Фламенго, заедно со Бургос и шампионот на Г лигата, Лејкленд меџик.
Во 2022 година има многу настани, година со три континентални натпреварувања. Поради напорите на играчите и барањата на лигите, важна е соработката со УЛЕБ, ние го менувавме календарот. Америка-купот и Евробаскетот ќе бидат одиграни веднаш по августовските ‘прозорци’. Сакаме да го намалиме оптоварувањето на играчите и поместувањето на лигите. Оттука, Светското првенство 2023 на основ на барањата кои ги усвоивме, е поместено за една недела порано, на 25. август. Тоа значи дека до 10.септември ќе биде готов најважниот кошаркарски настан на светот и еден од шесте најголеми спортски ивенти“.
Ситуацијата со Ковид-19?
„Секогаш имаме план ‘Б’ за големите случувања. Ќе видиме дали ќе треба да направиме некој нов стриктен протокол, а да не мора да бидеме отворени поради вирусот. Имавме многу ‘балони’ на сите континенти. Имаме многу искуство со квалификациите во Европа што се однесува до Евробаскетот ова лето. Не сме загрижени, но сме внимателни со планирањето. Што се однесува до квалификациите во февруари, сега би биле подготвени да се префрлиме на ‘балоните’. Во ноември успеавме да играме дома и на страна. Верувам во нашите можности, затоа што имаме привилегија да имаме еден глобален протокол“.
Какви се односите со Евролигата?
„Односот напредуваше. Не криеме дека преземавме иницијатива во текот на летото сите да седнеме на заедничка маса. Ковид 19 нè натера сите на флексибилност. Пандемијата покажа колку се релативни оние проблеми за кои мислевме дека се големи. Европскиот парламент рече дека нема надеж за затворени лиги, и а сигурно не без одобрување на ФИБА, затоа сум оптимистичен. Гледам дека иницијативата на ФИБА е позитивно прифатена од ЕКА, клубовите и НБА. Ја повикавме НБА како еден од двата наши најголеми партнери, другиот е Меѓународниот Олимписки комитет. Со оглед на тоа дека нашиот проблем не е само календарот, туку и растот на играта во Европа, затоа е добро да се слушне и мислењето на лигата која е најдобра. Ни беше речено дека кај клубовите постои желба да седнат постои оптимизам затоа што гледаме дека тоа се први чекори во вистинска насока. Тоа не е лесна задача, ќе ни биде потребно многу време. Не сме овде заради календарот, туку мислиме дека клубовите мора да заработуваат повеќе, дека поголем дел од колачот е во Европа. Но и федерациите и лигите мораат да бидат повеќе почитувани од што се во моментов“.
НБА играчите во ФИБА „прозорците“?
„Ги погледнавме статистиките и го споредивме со успехот на ‘прозорците’ во 2017 година. Во сите параметри сме помеѓу 140-200% над планираното. Што се однесува до НБА играчите, тоа е одлука на УСАБ. НБА не е само стратегиски партнер на ФИБА, туку е и член на САД кошарката. Развојната лига дава играчи. Ако тоа не е доволно, УСАБ е во добри раце. Еден плејмејкер пронајде договор после ‘прозорецот’, и имаше сериозно деби во НБА (Ајзеја Томас). Да не заборавиме, има и други 12 на другата страна. Истото се случи и во минатиот квалификациски циклус. Мексико го победи САД. Приказната за календарот е секогаш занимлива интересна. Но и НБА има свој распоред. Имавме разговори и им благодарам на Адам Силвер и на Мишел Робертс. Го имаме Дирк Новицки и Хорхе Гарбахоса во комисијата, и успеавме да обезбедиме играчи на квалификациите за Олимписките игри“.
Дали постојат приказни за скратување на еден од „прозорците“?
„Не разговаравме за тоа. Не би сакал да говорам за тоа што се зборува. Влегуваме со голема флексибилност, со јасна идеја за репрезентативната кошарка да биде стабилна. Таа идеја за скратување се појави пред две години,од германската федерација, заедно со лигата и со два клуба кои играа во Евролигата. Тогаш постоеше дискусија, претставено е на ЕКА и на ФИБА. Рааговаравме, но немаше одговор од ЕКА. И сега сме отворени за соработка. Не би долевал масло на оганот во било која насока. Ќе покажеме флексибилност, но мораме да ги испочитуваме репрезентациите и националните лиги“.
Повикот од НБА?
„Постојат исклучителнио стручни луѓе со податоци за европската кошарка. Тоа е доба и независен поглед. Драго ми е то НБА прифати да учествува во разговорите кои беа многу отворено. Драго ми е што клубовите сакаат да слушнат информација од ФИБА и НБА. Важно е да се прифатат важноста на националните лиги и репрезентации, како и европскиот спортски модел кој според нас е апсолутен. Постојат разни решенија“.
Да се вратат најсилните европски клубови под закрила на ФИБА?
„Не може да си го дозволиме тоа да бидеме поделени во кошаркарското семејство, затоа што младите ќе ја свртат главата и ќе гледаат ‘Нетфликс’, или ќе играат ‘Фортнајт’. Кина имаше раст со ЦБА лигата , ја гледаме Јапонија, која ги искористи Олимписките игри и Светското првенство, и лигата им расте, а спонзорите се посилни.
Сега е време Европа да расте. Дали клубовите да се вратат под ФИБА? Наша желба не е да ги поседуваме клупските натпреварувања, туку да ги обликуваме. Не сме опседнати со тоа некој тим да биде под закрила на ФИБА натпреварувањата. Сите тие се членови на ФИБА семејството, и само бараме да се почитуваат некои правила“.
„Прозорците“ во август се блиску до Евробаскетот?
„Мораме да бидеме јасни за тоа кој одлучува за тоа и со чии консултации. Да бидеме ефикасни и да видиме што е добро за лигите, репрезентациите и продуктот во целина. Разгледувано е големиот турнир да биде одигран веднаш после ‘прозорците“ во овој единствен календар. Да е ситуацијата нормална, за се би имало и повеќе време. Минатиот пат, на 18.јули имавме 30 играчи од НБА и 30-35 играчи од Евролигата, и во тој случај ќе видевме дали на почетокот или на крајот од летото е сеедно. Ова ќе бидат официјални натпревари пред турнирот, воедно и клучни за пласман на Светското првенство. Реакциите кои ги добивме од играчите, лигите и федерациите, се апсолутно позитивни. Говорев на состанокот со УЛЕБ, тоа беше нивно барање. Возбудени сме што ни носи 2022. Верувам дека разбирате дека има многу работа пред нас“.
Заглис носи и еден конечен заклучок за актуелниот момент.
„Свесни сме за нашите одговорности, за работите да ги туркаме во вистинската насока. Но, за танго се потребни двајца“ – смета генералниот секретар на ФИБА