15.11.2017

Преимпресионирани од четиригодишната неактивност

Сениорките со пораз се враќаат од Шведска. Физички доминантниот противник, втор за нас во овој прв прозорец од квалификацискиот циклус за Европското првенство што во 2019 ќе се одржи во Летонија и во Србија, имаше подолга клупа на располагање што, во финишот го одлучи противникот. Сениорките одиграа одлична прва четвртина, поведувајќи на стартот со 2-6, а во останатиот дел од првиот период одржуваа резултатски егал. Во продолжението на играта во првиот дел од натпреварот, селекторот Лазовски не можеше да смета стопроцентно на Ивана Кметовска која заработи три лични грешки уште во првиот период. На полувремето домаќинот имаше 11 поени предност, кои до крајот на натрпеварот ние не успеавме да ги анулираме. Конечен резултат Шведска – Македонија 91-51.
 

Сакам да им ја честитам победата на кошаркарките на Шведска и воедно да им се заблагодарам на нашите репрезентативки за соработката. Мислам дека пресуди подолгата клупа на противникот. Ние играме со мала ротација на играчи, а и сметам дека бевме преимпресионирани од фактот дека оваа селекција четири години отсуствува од вакви настани и се уште не сме навикнати да играме два натпревара во пет дена. Имаме многу работа да стигнеме до таму каде што сакаме да бидеме. – истакна селекторот Марјан Лазовски.

Грчот во играта и импресиите ќе мораат да бидат до февруари кога ќе одиграме уште два натпревара од овој евроквалификациски циклус – против Хрватска на домашен терен (10. февруари) и против Италија на гостински терен (14. февруари)

Ова беше лош натпревар за нас. Започнавме со солидна игра во првата четвртина, но физичката супериорност на домаќинот како и подолгата клупа го одлучи победникот.  – кратко истакна Софија Лазареска.