26.11.2017

Преимпресионирани пред полна сала.. Ви благодариме за поддршката!

Сениорите ја продолжија победничката низа. Пулените на Јорданчо Давитков запишаа победа и на домашен терен во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Среде Скопје, овој пат сениорите и го земаа скалпот на селекцијата на Швајцарија со 83-68. Играчите, после долго време, играа пред речиси полна сала што во исто време дополнително им даде мотив за победа, но и повеќе трема - барем во првиот дел од натпреварот.

Сакам да му се заблагодарам на секој поединец што дојде в салата да нѐ поддржи денес. По многу долго време играме пред речиси целосна сала. Атмосферата беше одлична. Тоа беше голем плус за нас. За играта .. На почетокот беше многу тешко за нас. Противникот беше навистина непознат за нас па затоа дури во втората половина ја прилагодивме нашата игра на нивната. Успеавме да го запреме нивниот напад и на крајот тоа ни ја донесе победата и тоа убедлива. - се првите мисли на Бобан Стајиќ по натпреварот.

Давитков имаше единаесет играчи на располагање вечерва, а сите ја оправдаа неговата доверба запишувајќи поени.

Реално, а и да бидам искрен натпреварот одеше малку потешко од очекувањата. Играчите беа преимпресионирани од присуството на големиот број на гледачи, па можеби затоа во првиот дел игравме стегнато. Сепак, им благодариме за големата поддршка, навистина ни беше потребна. Што се однесува до самиот меч, одбраната во првиот дел не фукционираше како што треба, не знаевме како да ги спречиме нивните центри, но во второто полувреме веќе ги корегиравме тие работи, тоа се виде на теренот, а и според резулатот. Сите единаесет играчи кои настапија одиграа според планот, можеби не одигравме квалитетен меч како против Словачка, но важно е дека успеавме да го оствариме тоа што ни беше потребно. Искрено, да го имав овој тим во август, можеби ќе игравме некои други квалификации сега. Добро е што се вративме од таму каде што бевме во август, со овие две победи сме еден чекор поблиску до нашата цел, а тоа се главните квалификации. Швајцарија играше добра кошарка, а нам ни требаше малку време за да се сконцентрираме на паркетот. Мое лично мислење е дека и овој систем на квалификации, петквалификации повеќе ни одговара, кога играчите се веќе во тренажен процес наспроти оној летниот кога имаме некои 40 дена за подготовки, без натпревари... Дали ова е репрезентацијата за во наредниот период .. Во август разговарав во сите кои ми беа на располагање додека сум селектор за мене нема отпишан играч, секоја помош е добредојдена. Сакам да му се заблагодарам на Хендрикс што дојде веднаш откако беше повикан и одигра максимално, особено во Словачка. Таму одигра феноменално, вечерва против Швајцарија онолку колку што беше потребно