24.08.2017 Нашата сениорска репрезентација во машка конкуренција ќе се бори за пласман во квалификациите за Европското првенство 2021 против Словачка и против Швајцарија - одлучи денес ждребот во Минхен. Македонската сениорска репрезентација беше сместена во првиот шешир заедно со Ерменија и Португалија. Ждребот посака да сме сместени во групата А со две селекции од кои едната не успеа да ги мине претквалификациите за СП 2019. Претквалификациите започнуваат претстојниот ноември. На ждребот беа извлечени и конечните групи за квалификациите за Светското првенство 2019.