29.02.2024

Собирот со новинарите е закажан за денеска, од 11. часот, во салата за прес-конференции во СРЦ „Кале“ во Скопје

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА -  КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

По повод  одржувањето на завршниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација ќе одржи прес-конференција на која збор ќе земат тренерите и капитените на учесниците на турнирот

Конференцијата ќе се одржи на 29.февруари, 2024 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во салата за прес-конференции во СРЦ „Кале“ во Скопје.