10.02.2020

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА РСМ И ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ

Кошаркарската федерација на Северна Македонија и „Триглав Осигурување“ АД – Скопје, ве повикуваат на заедничка прес-конференција во врска со заедничката соработка, која ќе се одржи во просториите на федерацијата, на ден 12. февруари (среда), со почеток во 11 часот.

Ќе присуствуваат претседателот на КФСМ, Г-динот Перо Антиќ, генералниот секретар, Г-динот Владимир Георгиевски и спортскиот директор, Г-динот Тодор Гечевски, како и Главниот извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД, Скопје, Г-динот  Ѓорѓе Војновиќ.