Првиот натпревар од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025 година, донесе голема неизвесност.
Во Арената во Нествед, нашиот сениорски национален тим
ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 70:73
По израмнетиот почеток (9:9), Данска беше селекцијата која прва стигна до некој поголем плус. Изнесуваше пет поени, (16:11) во осмата минута кога нашиот селектор, Александар Јончевски повика тајм-аут.
Успеавме да се доближиме на (14:16) по седмиот поен во четвртината на Димитријевиќ, но најдобриот дански играч Љунберг постави (18:14) на истекот на првиот период.
Со пет поени по ред, и тројката на Ѓуроски, за прв пат на мечот во Нествед поведовме, макар и со минимални, (19:18).
Во продолжението на играта, поточно, во 28.минута, по тројката на капитенот Стојановски, се стекнавме и со најголемата предност (31:24). Но се чини дека и премногу лесно, им дозвооливме на Данците брзо да се вратат. Со две ситуации „два плус еден“, домаќините дојдоа на само еден поен негатива (28:29).
Но во вистинско време, Димитријевиќ му „се врати“ на поентирањето. По неговата тројка, и 15. поен во полувремето, дојдовме до предност од (34:29). Добро го стартувавме второто полувреме, во кое со втората тројка на Ѓуроски, дојдовме до плус 8, (41:33). Но уште еднаш дозволивме Данска да врати двојно, со две „врзани“ тројки го натераа слекторот Јончевски на нов тајм-аут.
Водевме „само“ со (41:39) во 23.минута. Иако ниска, сепак некако успевавме да ја оддржуваме таа предност, но само до истекот на третата четвртина кога Соренсен, со тројка, постави четири „петки“ на семафорот, (55:55).
Од „нула“ се тргна во периодот на одлука.
Но Данска стигна и до пресврт, поведе со (66:62) на средина на тој последен дел.
Но во последната минута беше одново нерешено (70:70), откако Димитријевиќ положи од не баш идеална ситуација. И остави 24.секунди за конечно решение на овој меч.
Ефе Љунберг не ја искористи шансата за Данска, но Димитријевиќ, магично од дриблинг, во трк, од својата половина, го пронајде патот до противничкиот кош. За голема, за огромна, стартна победа во овој нов претквалифиакциски циклус за нашата најдобра селекција, која во недела навечер, на свој терен, во СРЦ „Кале“ против Словачка ќе бара максимален ефект во овој августовски ФИБА „прозорец“.
Норвешка направи „брејк“ на гости во Словачка
Селекцијата на Норвешка, стигна до изненадувачки висок триумф на гостувањето во Словачка. Втората скандинавска селекција во нашата група „Д“ победи со високи (87:68) против Словачка, која е нашиот следен противник во претквалификациите за Евробаскетот 2025. И направи голем чекор кон позицијата која води во главниот квалификациски круг.
ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025 - ВТОР КРУГ
ГРУПА „Д“
Словачка – Норвешка 68:87
Данска – МАКЕДОНИЈА 70:73
ТАБЕЛА
1.Норвешка 1 1 0 87:68 2
2.МАКЕДОНИЈА 1 1 0 73:70 2
3. Данска 1 0 1 70:73 1
4.Словачка 1 0 1 68:87 1
ДВОЈКИ 2. КОЛО-28.АВГУСТ
МАКЕДОНИЈА – Словачка
Норвешка - Данска