Неуспехот во Левице е нешто полесени поприфатлив, ако се земе в предвид дека во меѓувреме стигнаа малку добри вести од Нествед, а ги носи победата на Данска на свој терен во скандинавската премсетка со Норвешка (69:57).
Овој пораз за Норвешка, кој е нашиот последен противник во овој цикус, значи и простување со шансите, и трката за првото место на табелата во групата „Д“.
Затоа што пред одигрување на последниот круг од натпреварите, во недела, ситуацијата е нешто појасна. Вели дека било каков триумф на македониај над веќе отпишаната Норвешка, нè остава на првото место на табелата и носи директен пласман во квалификациите, дури и во случај Словачка да биде подобра од Данска во вториот натпревар, кој се игра на 26. февруари.
Друга добра работа е што дуелот во кој ќе се сретнат Данска и Словачка ќе се игра од 15.30 часот, исто така во Нествед, за разлика од вториот, за нас и најважниот, во Осло, кој стартува нешто подоцна, од 18.часот.
Односно кога сениорите ќе знаат „на што се“, и дали сами ќе одлучуваат за својата судбина, односно пласманот во следната фаза – квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025.
Вечерва, Данска одигра за својата чест, стигна до првиот триумф во групата „Д“, и не би било лошо да го продолжат ова со уште еден успех, против Словачка.
Не би имале ништо прогтив, иако како што и самиот селектото на нашата репрезентација Александар Јончевски вели, се имаме во своите раце пред крајт на овие претквалификации.
ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025
ГРУПА „Д“
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Словачка – МАКЕДОНИЈА 82:73
Данска – Норвешка 69:61
ТАБЕЛА
1.МАКЕДОНИЈА 5 4 1 357:334 9
2.Словачка 5 3 2 367:365 8
3.Норвешка 5 2 3 339:330 7
4.Данска 5 1 4 355:381 6
ИДНО КОЛО (26.ФЕВРУАРИ)
15.30: Данска - Словачка
18.00: Норвешка – МАКЕДОНИЈА