Четврттото коло од вториот круг од претквалификацитие за ЕП 2025 година, симна една дилема. Ја „тргнаа“ нашите кошаркари со драматичниот триумф над Данска (74:71), синоќа во Гевгелија.
За нас тоа беше четвртиот победнички чекор, а за противникот од Скандинавија пак четвртти пораз со кој и дефинитивно излегуваат од трката за место кое води во квалификациите.
Втор чекор направи селекцијата на Словачка откако ја совладаа Норвешка со (68:56) на гостински терен во Берген.
Пред продолжението на натпреварите, во февруари, наредната година, во најлош случај, Македонија ќе биде на делба на првото место на крајот од циклусот и од резултатите во кругот ќе зависи дали ќе продолжи понатаму. Една победа во последните два меча, без разлика дали тоа ќе биде пртив Словачка, или пак Норвешка (на гостински терен), нè носи во квалификациите.
Како некоја друга опција, непосакувана, секако, два минимални порази на последните две средби со Словачка и со Норвешка, ќе значат пласман во квалификациите.
Данска која нема никакви шанси за првото место, и во Гевгелија покажа дека е сериозна репрезентација која може да победи кого било.
Последните два меча Данците ќе ги играат на домашен терен и нема да биде изненадување ако ги совладаат Норвешка и Словачка, на наше задоволство.