Очигледно е дека натпреварите кои ги играат Македонија и Данска во овие претквалификации, навистина не може(а) да поминат „мирно“.
Така беше пред некој месец во Нествед, така беше и вечерва во Гевгелија.
На гости победивме со неверојатната тројка на ненад Димитријевиќ. Диома, во една неверојатна атмосфера коај ја креираше публиката во салата „26.април“, повторно бевме подобри од Данците. Ни требаа екстра пет минути, и едно неверојатно издание на Ти-Џеј Шортс, за да го оддржиме победничкиот чекор во „Д“ групата од вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025.
По четири кола, имаме четири победи во пресрет на наредниот „прозорец“ на ФИБА, предвиден за февруари, следната година во кој имаме две гостувања. Прво во Словачка, потоа и во Норвешка...
МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА 74:71
Данците се покажаа како физички посилен ривал кој во првото полувреме го имаше расположениот Дарбо. Погоди данскиот бек дури четири тројки (од пет обиди) во текот на првиот дел од играта.
Основната причина што гостите од Скандинавија направија и двоцифрена предност, која ја имаа во неколку наврати.
Во 12. минута, Данска водеше со (25:14), потоа и со (27:16), и (30:20).
Но во вистинско време капитенот Стојановски погоди две многу важни тројки за наше враќање во игра. Со серија од (9-2) во која учествуваше и Ти Џеј Шортс, се доближивме на (29:32), но до крајот на првите 20.минути, Данска успеа да го сопре тој наш напад, и да го сочува водството, (37:32).
По заслуга на Дарбо кој стигна до 16.реализации. Од наша страна одлично офанзивно парираше Шортс, кој одбележа 13.реализации, Стојановски дојде до осум, Ѓуроски пет, Крстевски уште четири сите во првата четвртина.
Ништо позначајно не се смени ниту во продолжение од мечот во салата „26.април“ во Гевгелија.
Данска го контролираше резултатот, а на нашите кошаркари ништо не им одеше од рака. На две минути пред крајот на третиот дел гостите повторно беа далеку, водеа со (50:41), нешто подоцна и (54:45).
Но нашите шанси, со една неверојатна тројка, од својата половина со истекот на времето Мекиќ ги одржи „живи“ нашите надежи.
Робусниот Зохоре ја поведе својата екипа до (64:59) на помалку од минута пред крајот.
Тогаш почна драмата...
Прво Ѓуроски погоди тројка за (62:54), гостите не го искористија својот напад, а Шортс со себесвојствен „влез“ го израмни резултатот (64:64). Им остави 15 секунди на противничките кошаркари да организираат напад за победа.
Тие одиграа како што треба, барем според планираното.
Но, прво промашија еден обид, за топката се избори Зохоре, кој од чиста позиција од под кошот не успеа да ја протне топката низ обрачот за победа на гостинската репрезентација.
Тоа значеше дополнителни пет минути - (64-64).
Во екстра-времето, отворивме фантастично. Со четири поени по ред, но Данците вратија со шест за нивно водство од (70:68).
Слободните фрлања ни правеа проблеми, Шортс промаши едно на нешто повеќе од минута пред крајот, при резултат 69-70. Данска, за среќа, не го искористи својот напад...
Во следната акција се случи можеби клучниот момент. Шортс беше фаулиран од Дарбо во обид да погоди тројка, и доби три слободни фрлања. Овојпат ги погоди сите три (72:70) и многу поповолна ситуација за нас.
Данците имаа 24 секунди, фаулиран беше Зохоре кој погоди само еднаш од линијата, па на седум секунди пред крајот Шортс стави точка на драмата во Гевгелија.
ВТОРА РУНДА - ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ 2025
ГРУПА Д
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Данска 74:71
Норвешка – Словачка 56:68
ТАБЕЛА
1.МАКЕДОНИЈА 4 4 0 284:252 8
2.Норвешка 4 2 2 278:269 6
3.Словачка 4 2 2 285:292 6
4.Данска 4 0 4 286:202 4
ИДНО КОЛО (23. ФЕВРУАРИ.2023)
Словачка – Македонија
Данска – Норвешка