11.11.2022

Заедно со Македонија, овие две селекции реализираа по три победи

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025: Стонастотен ефект на Хрватска и Португалија

По три одиграни кола, во вториот круг од преткваификациите за Еврпбаскетот 2025, три национални селекции може да с епофалат со максимален ефект.

Освен нашата, во улога на лидери во другите две групи се и репрезентациите на Хрватска, односно на Португалија.

Промената на селекторската позиција, на која е „стариот лисец“, Александар Петровиќ, донесе уште подобра игра на популарните „коцкасти“ кои го потврдија тоа со убедливата победа на гости во Австрија (100:75).  

Во видно изменетиот и подмладне соства на хгрватска, Роко Баџим даде 23.поени, Дарио Дрежњак 18, Тони Перковиќ 17, а Роко Пркачин уште 15.поен.

Веројатно се ќе биде појасно за неколку дена, кога Хрватска ја дочекува Полска во директниот дуел за првата позиција и место во евро-квалификациите.

Репрезентацијата на Португалија го доби дерби дуелот против Бугарија со (88:78) кој е дел третиот круг од групата. Плус 10 за максимални три победи во групата „Ф“.

До него ги водеа Диого Брито со 19.реализации, Траванте Вилијамс кој постигна 18, и Мигел Кеироз со 11. Во селекцијата во која недостасуваше првото име, Александар Везенков, искусниот Чавдар Костов даде 17, а Давид Кравиш уште 14.поени.

Извесно е дека и во оваа група ќе решава возвратниот дуел на овие две селекции, а во кој нашите источни соседи, на свој терен, ќе треба да надокнадат минусно салдо од десет поени.

 

 

ВТОРА РУНДА - ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ 2025

ГРУПА Д

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – Норвешка        58:36

Словачка – Данска           74:70

ТАБЕЛА

1.МАКЕДОНИЈА    3          3          0          210:181        6

2.Норвешка 3          2          1          222:201        5

3.Словачка  3          1          2          217:236        4

4.Данска      3          0          3          215:246        3

ИДНО КОЛО (13.НОЕМВРИ)

19.00: МАКЕДОНИЈА – Данска

18.00: Норвешка - Словачка

 

ГРУПА Е

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Полска – Швајцарија      79:64

Австрија – Хрватска         75:100

ТАБЕЛА

1.Хрватска   3          3          0          256:197        6

2.Полска      3          2          1          239:191        5

3.Швајцарија         3          1          2          191:227        4

4.Австрија   3          0          3          194:265        3

ИДНО КОЛО (13.НОЕМВРИ)

17.05: Австрија – Швајцарија

20.00: Хрватска – Полска

ГРУПА Ф

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Кипар – Романија 65:69

Португалија – Бугарија  88:78

ТАБЕЛА

1.Португалија        3          3          0          265:206        6

2.Бугарија   3          2          1          250:215        5

3.Романија 3          1          2          200:224        4

4.Кипар        3          0          3          189:259        3

ИДНО КОЛО (13.НОЕМВРИ)

15.00: Кипар – Бугарија

18.00: Португалија - Романија