Македонија ја надигра и победи Швајцарија, колку што беше потребно (67:61)
Втора по ред победа за нашата најдобра селекција на турнирот во Скопје. Многу значајна ако се земе в предвид дека ја совладавме Швајцарија, која не победи во првиот круг од натпреварите.
Одлично почнаа избраниците на селекторот Драган Бајиќ. За кратко време, неполни три минути, реализиравме солидно водство од (12:4), кое го натера селекторот на Швајцарија на реакција.
Делумно даде резултат, затоа што противникот „врза“ шест поени, намали на (10:12). Но имавме одговор за тоа, со наши шест поени во серија која ја заокружи Николов со „два плус еден“ игра, за враќање на предноста.
По десет минути, Македонија водеше со (18:10).
Сличен беше развојот на настаните и во втората четвртина од овој исклучително важен натпревар за „црвено-жолтите“.
Со серија од (7-2) Швајцарија одново дојде блиску до нерешен резултат, (17:20). Но атракцијата на Вајли го прекина тој празен простор во поентирањето на нашата селекција. Со контра-серија од (8-2) одново се одвоивме на солидно водство од (28:19), кое беше знак за селекторот на Швајцарија да ја потроши својата втора „минута за одмор“.
Тука нашите момци не застанаа.
По тројката на капитенот Трајковски, за прв пат дојдовме и до двоцифрена позитива (35:25). Поените на Робев и на Мекиќ, со звукот на сирената нè однесоа на максималните (39:26) како стоеше на резултатот по 20.минути играње на семафорот во СЦ „Јане Сандански“.
По поените на Крстевски и Мекиќ, на почетокот на третата четвртина креиравме и разлика од 17.поени (45:28), но уште еднаш на овој натпревар влеговме во еден празен период, во кој доста ретко поентиравме.
Швајцарците го искористија тоа и испратија сериозна закана. Анулираа дури 11.поени од таа наша позитива, и на влезот на последниот период, имавме „само“ плус 6 (52:46).
Имавме и плус 10, повторно, откако Трајковски го „намести“ Крстевски да забие, а потоа погоди и тројка, од седум метри, за (60:50) и 5:33 минути до крајот
Колку што беше потребно, за да ја превземеме првата позиција на табепата во групата „Ф“ и со големи шанси да стигнеме каде и посакуваме – во квалификациите.
По три одиграни натпрвари, сега имме скор (2-1). Швајцарија има (1-2), а Словачка (1-1) и две неодиграни средби на „балонот“.
Утре навечер, во исто време, од 19. часот, ќе играат селекциите на Словачка и Швајцарија, додека на 18.август (среда), Македонија го затвора турнирот против Словачка.