На последниот натпревар на турнирот во Скопје, дел од „Ф“ претквалификациската група за пласман на Светскиот Куп 2023, Македонија и Словачка го одиграа најефикасниот меч на турнирот. Словачка, победи,заслужено,но имавме доволна залиха да го одбраниме првото место во оваа конкуренција кое води кон планираната цел - настап во квалификациите за Светскиот куп во 2023 година
МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА 72:88
Израмнето се играше во првата четвртина иако во тие десет минути имаше само два нерешени резултати. Прво (2:2) нешто подоцна (13:13). Словачка имаше плус 4, исто така во два наврати. Во првиот водство од (9:5), а на крајот на првиот период и (17:13).
На нецели три минути од втората четвртина, Македонија беше селекцијата која имаше позитива од четири поени. По положувањето на Вајли, и серијата (10-2), водевме со (23:19).
По тајм-аутот на Словачка, и поените на Крстевски имавме највисока предност (26:21). Ја одржувавме се до последната минута од првото полувреме во кое противникот со девет поени по ред, го презема водството. На полувремето водеше со највисоки, за нив (38:32).
Дваесет минути во кои Вајли даде десет поени, но и се пожали на повреда по еден судир со противнички играч. Крстевски реализираше седум, а Николов шест (даде две од нашите четири тројки, од 12.обиди).
Имавме дефицит во скокот, Словачка оствари девет скока повеќе од нас (24 спрема 15). Но и проблеми во одбрана против „џинот“ Фушек, кој реализира дури 13.поени.
Останаа проблемите, дури станаа и поголеми во третиот дел од последнипт натпревар на турнирот во Скопје. Им дозволивме на Словаците да се разиграат во нападот. Прво со серија од (10-0), да поведат со посакуваната за нив, разлика (48:32). Водство кое и го одржуваа во најголем дел од третата четвртина која ја завршивме со слична негатива (51:66).
Во таков, непосакуван ритам продолживме и во четвртината во која падна конечната одлука кои две од трите селекции од групата „Ф“ ќе играат квалификации за Светскиот Куп 2023.
По завршувањето на овој натпревар, станаа јасни и последните две селекции кои ќе играат во квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.
Пласман во квалификациите веќе обезбедија селекциите на Летонија и Белорусија кои се дел од групата „Д“. Од групата „Ц“ добитна комбинација имаат Португалија и Шведска, а од групата „Е“, Црна Гора и Исланд.
ПОБЕДНИЦИ НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК 2023
Португалија
Шведска
Летонија
Белорусија
Црна Гора
Исланд
Македонија
Словачка
РЕЗУЛТАТИ
Македонија – Швајцарија 62:67
Швајцарија – Словачка 56:64
Словачка – Македонија 47:69
Швајцарија – Македонија 61:67
Словачка – Швајцарија 60:65
Македонија – Словачка 72:88
ТАБЕЛА
1.Македонија 4 2 2 270:263 6
2.Словачка 4 2 2 259:262 6
3.Швајцарија 4 2 2 249:253 6