02.08.2025

„Многу е важен карактерот што треба да го покажеме, и ние како лидери, но и комплетната репрезентација“

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 2027- Џејкоб Вајли: „Да покажеме дека можеме да играме на високо ниво и да победиме“!

Џејкоб Вајли по неколку години пауза повторно ќе го облече македонскиот дрес и нема сомнеж дека Американецот ќе даде дополнителен квалитет во нашата игра под обрачите.

„Чест е да бидам дел од македонската репрезентација, кога ми се јавија бев возбуден што повторно ќе дојдам и ќе играм за Македонија.

Очигледно е дека имаме млад тим, голем дел од играчите од минатото се повлечени од репрезентацијата. На нас поискусните е да им помогнеме на оние помладите. За мене, бројот на поени не е толку важен колку карактерот што треба да го покажеме и ние како лидери, но и комплетната репрезентација“ – вели Вајли пред првиот меч од претквалификациите, вечерва од 20.часот во спортската сала во Куманово.

Не само негови, туку тоа важи и за неговите соиграчи, малку поразлични од оние кои ги имаше во минатото, очекувања се дека Македонија може, и дека на Илинден можеме да славиме триумф.  

„Очекувањата се да играме максимално, со висок интензитет и да покажеме дека можеме да играме на високо ниво“ - истакна Вајли пред денешниот почеток на претквалификациската трка, за местата, две од групата „Е“.

Со Џејкоб Вајли во тимот, Mакедонија досега беше успешна во еден претквалификациски циклус. Пред пред неполни четири години, на турнирот во Скопје, одигран во спортскиот центар „Јане Сандански“, Македонија стигна до пласман во оние главни калификации за Светското првенство во 2023 година.

А силното американско крило со македонски пасош, имаше најдобар поединечен ефект – индекс 17, односно просек од 12.5 поени и 7.3 скока на четирите мечеви против селекциите на Словачка и на Швајцарија.

„Добро се сеќавам на тој турнир во Скопје. Имавме два одлични натпревари, другите и не толку добри. Тоа беше време на корона, време исполнето со големи непознаници, посебно од оној здравствен карактер, кое сакавме брзо да го заборавиме, да го оставиме зад нас.  

Сега, пред нас се некои други предизвици. Ова е нешто слично, повторно ќе играме претквалификации за Светското првенство, но во не така набиен распоред како на турнирот во Скопје. Тогаш успеавме да излеземе како победници, се надевам дека така ќе биде и сега, низ овие мечеви со Романија и со Унгарија“- посакува еден од нашите големи адути во оваа трка за двете места од групата „Е“ кои водат понатаму.