02.08.2025

Во егал-меч, Македонија загуби против Романија (72:80) во премиерниот меч од претквалификациите, во прекрасен амбиент во Куманово

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 2027: Македонија покажа дека може, Романците со подобар финиш до победата

Прв натпревар од втората фаза од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Македонија против Романија, во прекрасен амбиент во реновираната спортска сала во Куманово. Во натпревар исполнет со голме брпој на резултатски промени, на крајот пресуди последниот период, во кој Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“.

МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА      72:80

По нешто нервозниот почеток, и стартно водство на Романија (12:7), нашите најдобри кошаркари брзо успеаја да влезат во посакуваниот ритам, особено во фазата на нападот. Почна да погодува Митревски (пет поени во серија), а Вајли со две атрактивни забивања, но и тројка, ни го донесоа првото водство, прво од (13:12), потоа и повисоко, (16:12), доволно за ран тајм-аут на романскиот селектор во нецели седум минути од играта.

Три минути подоцна, односно на крајот на првиот период, Македонија ја сочува предноста (18:17).

Романците подобро почнаа и во вториот период. За три и пол минути и серија (10-2), изградија солидно водство од (27:20).

Вајли беше нашиот главен поентер во тој дел од играта. Реализираше 13, од 25. поени на нашата репрезентација, Романците имаа четири повеќе, по 17.минути од мечот (29:25).

По втор пат во првото полувреме, додје редот Македонија да направи серија. Сега од (10-3), доволна за да го вратиме водството на нашата страна по тројката на Симиќ беше (30:29).  

Минимално беше водството на Македонија и по 20.минути, (32:31), откако Вајли го запиша својот 15. поен.

И по трет пат на натпревар во Куманово, Романија поведе, сега со (45:40), резултат кој стоеше на семафорот во 25.минута, во наредната беше и за (48:42), доволно за селекторот Марјан Илиевски побара минута одмор.

„Одговори“, уште еднаш, со тројка, Симиќ, а по поените на Ташовски одново бевме во „игра“(47:48). А до крајот на овој дел, по поените на Митревски (негов десетти), Македонија одново водеше (55:53). И остана тоа наше, мало, но значајно водство откако Вајли положи за (57:55), а во исто време го одбележа и својот 27.поен по три одиграни четвртини.

Не застанавме, напротив, изградивме ново водство од пет поени (61:56), кога погоди капитенот Магдевски. Но дојде нова „реакција“ од Романците, кои повторно, со серија од (10-3), го свртеа резултатот во своја корист (66:64), на 4:22 минути до крајот на премиерниот меч од групата „Е“ од претквалификациите за Светскиот Куп 2027. Имаа и повисока позитива гостите, (71:67), потоа и (73:69). Пред Дикулеску да погоди и втора тројка во серија, и постави (76:69). Недостижни за нашите момци, кои својата шаанса за успех ќе ја побараат на гостувањето во Унгарија. 

Без максимална валоризација остана ефектот на Џејкоб Вајли, кој го заврши натпреварот со дабл-дабл од 28.поени и 12.скока, 4. Асистенции, и индекс 39. По десет поени постигана Митревски и Мекиќ.