Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го одигра вториот меч од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар. Гостувавме во Солнок, противник ни беше репрезентацијата на Унгарија. По добриот почеток, го загубивме чекорот во продолжението од мечот, и загубивме, убедливо.
По втор пат во претквалификациите кои ги продолжуваме со гостување во Романија, на 13. август.
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 96:58
Унгарците го отворија мечот со шест поени по ред. Серија која со тројка ја прекина Вајли. Но само за момент затоа што домашната селекција ја зголеми предноста на (16:7).
Знак за селекторот Илиевски, по неполни седум минути игра, да го побара првиот тајм аут.
Тоа веднаш даде резултат, затоа што капитенот Магдевски иницираше наша серија, (10-2), по која дојдовме на само еден поен заостанување (17:18).
Така беше и на истек на првиот период, Унгарија беше еден чекор пред Македонија (19:18).

Унгарците подобро ја отворија и втората четвртина од дуелот во Солнок. За кратко време дадоа десет поени, за првото двоцифрено водство (29:18). реализирано во само две минути.
Не бевме подобри и во наредните три, оние во кои противникот изгради најголеми (38:20).
Унгаерците максимално ги користеа своите предности, особено скокот. Бевме инфериорни на тој план, во 15.минути од играта, Унгарија имаше 20.скока, ние 10.
Сепак, фативме некаков приклучок, со неколку поени во серија, намаливме на (27:42), потоа и на (30:45). во 17.минута од мечот во Солнок.
Тројката на Вајли (негов 12.поен во тој дел од играта), ја донесе нашата селекција на уште пониска негатива (35:47), на 1:40 минута до крајот на првото полувреме.

Секвенца во која Унгарците постигнаа две неверојатни тројки, и ја вратија онаа комотна предност (53:37).
Домаќините погодија осум тројки (од 19.обиди), ние три помалку (но од помалку обиди).
И воведните минути од третата четвртина им припаднаа на Унгарците, дојдоа до вишок од 20.поени (57:37).
Од тој момент се играше израмнето, макар до крајот на тој период, двете селекции поделија по 14. поени, што извесно, повеќе им одговараше на домашните кошаркари кои ја одржуваа високата предност на своја страна
По три одиграни четвртини, Унгарија-Македонија беше (70:51).

Не се променија многу работите во последните десет минути. Домашната селекција го потврди својот квалитет, изгради уште поубедлива позитива, по која сега е на скор (1-1), ние имаме (0-2).
Вајли реализираше 15.поени, капитенот Магдевски го следеше со 11. реализации. Симиќ додаде 10, Митревски шест поени...
Во третото коло од претквалификациите во групата „Е“, Македонија ќе игра, по втор пат, против Романија. Таа средба е закажана за 13. август, а ќе се игра во Орадеа.