Македонија ги затвори претквалификациите за Светскиот Куп 2027 со победа. На последниот натпревар во августовскиот циклус, подмладената македонска селекција покажа дека знае да игра кошарка, дека може, и дека знае да победува!
Го докажаа тоа момците на селекторот Марјан Илиевски пред својата публика, во СРЦ „Кале“, за да потврдат дека се на добар пат, оној вистинскиот...
МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА 82:75
Ако на отворањето на натпреварот поентерски во преден план во македонскиот тим беше Џејкоб Вајли, откако влезе во игра, Виктор Ташовски донесе дополнителна енергија во играта на нашиот национален тим.
И не само тоа, затоа што , шест од вкупно 11 поени во нашата серија (11-0) со која направивме и играчки, но и резултатски пресврт, беа дело на нашиот плејмејкер.
Од минус од три поени (12:15), за неполни три минути поведовме со (23:15), како што беше на семафорот по крајот на првата четвртина.
Имавме и двоцифрен плус (25:15), откако во воведот на втората, поентираше капитенот Магдевски.

Имавме и повисоко водство (30:18), откако Никола Василевски ги постигна своите први поени како сениорски репрезентативец. Но Унгарците одгвоорија со своја серија, шест поени по ред, довоолно за да го натерата селекторото Марјан Илиевски да го повика и вториот тајм-аут во првото полѕвреме.
Унгарија се доближи на (24:30) кога се играше 14.минута.
Тоа беа, би се рекло, и најкризните моменти во играта на нашиот тим. Брзо одговоривме, со тројката на Митревски (негова втора) и положувањето на Вајли (негов 10.поен), за одново да имаме двоцифрена позитива (37:26), на четири минути пред големиот одмор.
Откако малку одмори, Ташовски се врати на теренот, и продолжи да го погодува кошот на противникот. Го донесе и највисокото наше водство во првото полувреме (39:26).

Ја имавме истата разлика и на крајот на, веројатно нашето најдобро полувреме во претквалификациите за Светскиот Куп (45:32).
Гостите имаа подобар почеток, кој по втор пат на мечот во СРЦ „Кале“ ги донесе блиску до егал-резултат. По серијата (8-0) Унгарците се доближија на минус 5 (40:45).
Но уште еднаш пронајдовме одговор, за кратко време се вративме во двоцифрен плус (53:42), а во следниот напад, одново ги имавме оние плус 13, (55:42).

До крајот на овој трет период од играта, дури и го зголемивме тоа водство на (64:50).А покрај Вајли, кој имаше 15.поени, и Ташовски кој додаде 12, во листата на „двоцифрени“ играчи по 30.минути игра, „влезе“ и Митревски (10).
Во периодот на одлука, не застанавме, напротив…
Атракцијата на Вајли ја донесе Македонија до уште повисока предност. (70:55) за гостински тајм-аут, на 7:33 минути до крајот. Сјајниот Американец со македонски пасош, донесе и поголеми (76:59). Недостижно за противникот, за голема победа на младата, полетна, полна со енергија, Македонија.
Вајли ја креираше со 23.поени (и четири скока), со голема логистистичка поддршка од бековскиот двоец Митревски-Ташовски (двајцата по 14.реализации, но и другиот дел од тимот.