Нашите најдобри кошаркари загубија по втор пат од Романија во претквалификациите за Светскиот Куп. Игравме добро, и на гостински терен во Орадеа. Бевме многу блиску, со одличното второ полувреме, да направиме пресврт. Дојдовме до негатива од три поени (66:69). Но кобни зс нас одново беа последните три минути, оние во кои Романија направи победничка серија од (10-0), за превисок триунф (79:66), кој ги носи во квалификациите за Светскиот Куп 2027.
РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 79:66
Ихгравме добро, но Романија се стекна дури и со двоцифрена разлка до истекот на полувремето (45:34)
Особено тоа се однесува на првите 15.минути во кои имавме и скоро егал скор. По поентирањето на Вајли, заостануваавме само еден поен (30:31).
Тоа беше нашиот одговор на водсѕтвот она Романците по првиот период, солидно (26:19).
Но, имавме само три расположени поентери. На почетокот тоа беше Митревски, потоа во поентерски ритам влезе капитенот Магдевски, продолжи Вајли.

Но имавме слаби реакции во одбраната, особено во бранењето на шутот а тир поени на потивникот. Во првата четвртина Грасу уфрли ѕри ѕтројки, Потоа кога домаините ја направија предноста, двоцифрена, додаде уште една, што заедно со нешто подобриот скок, беа и причините што засоастанувавме по 20.минути од играта во Арената во Орадеа.
Многи подобро издание имаа нашите сениори во оние 20.минути. Период во кој полека, но сигурно ја топевме двоцифрената негатива.
На нешто повеќе од три минути, Македонија заостануваше само три поени (66:69), по што дојде една неверојатна тројка од Кути, Како вовед во победничката серија на Романија од (10-0), која ни ја одзема шансата да останеме во игра за евентуален пласман во квалификациите за Светскиот куп кои ги завршувааме на 20. август, со дуелот против Унгарија во Скопје.