31.08.2017 Нашиот сениорски национален состав во машка конкуренција претстојниот ноември ќе земе учество во претквалификациите за Европското првенство кое е на распоредот на ФИБА за четири години од сега (2021 година). Ждребот одржан пред една седмица посака да бидеме сместени во групата А заедно со Словачка и со Швајцарија. Претквалификациите имаат три ’прозорци’ во чии рамки ќе бидат одиграни натпревари ’дома-гости’. Борбата за пласман во евроквалификациите ќе започне во ноември оваа година, а ќе заврши во јули идната 2018 година. Нашиот прв натпревар ќе го одираме на гостински терен. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЕВРОБАСКЕТ 2021 23. ноември, 2017 година Словачка – МАКЕДОНИЈА 26. ноември, 2017 година МАКЕДОНИЈА – Швајцарија 25. февруари, 2018 година МАКЕДОНИЈА – Словачка 28. јуни, 2018 година Швајцарија - МАКЕДОНИЈА