09.04.2024

Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, деновиве е во посета на неговиот поранешен клуб од НБА лигата

Претседателот Антиќ специјален гостин на „јастребите“ од Атланта (ФОТО+ВИДЕО)

На покана на неговиот поранешен клуб, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ деновиве е во посета на Атланта Хоукс.

А во главниот град на Американската сојузна држава Џорџија, предводникот на македонската кошарка, имаше убава можност да се сретне и со дел од соиграчите со кои во периодот од 2013 до 2015 година, „делеше и добро и лошо“.

Како на пример со еден од најдобрите шутери, особено за три поени, во најсилната лига на светот, Кајл Корвер, како и Екпе Јудо, кој сега е дел од стручниот тим на Атланта, а заедно со Антиќ беше дел од славниот тим на Фенербахче од Истанбул со кој стигнаа и до титулата на шампион во Евролигата.

Претседателот Антиќ стигна да биде и дел од публиката на натпреварот помеѓу екипите на Атланта Хоукс и Мајами Хит, и да му даде поддршка на тимот од Џорџија, за кој сега настапува уште еден негов голем пријател – Богдан Богдановиќ.

Освен тоа беше почестен, со специјално интервју, и да го „најави“ овој натпревар, исклучително важен за Хоукси, ако се знае дека се во борба за местата кои водат во плеј-офот од НБА лигата: