16.09.2017

Претседателот Наумоски и СО ги собраа аплаузите на Skopje2k17

Кошаркарите и кошаркарките од кошаркарската селекција при Специјалната Олимпијада одиграа ревијален натпревар заедно со Претседателот на Македонската кошаркарска федерација на 3х3 турнирот Skopje2k17 што вчера и денес се одржува во нашата престолнина. Талентираните кошаркари блеснаа на теренот кај фонтаната во Градскиот парк и ги собраа аплаузите на сите присутни кои уживаа во атрактивните додавања и неверојатните шутеви од далечина.