14.06.2023

Нашиот главен град за првпат е домаќин на Европско првенство за средни училишта...

Претседателот Перо Антиќ - промотор на европскиот шампионат на средни училишта во Скопје (ФОТО)

На првенството, кое вчера вечер, беше и свечено отворено, учествуваат најдобрите 200 средношколци од седум европски држави, меѓу кои и четирите најдобри македонски тимови во женска и машка конкуренција.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ е главниот промотер на оваа европска манифестација.

Инаку, на свеченото отворање, свои обраќања до присутните имаа претседателот на Европската федерација за Училишен спорт, Жељко Танасковиќ, како и директорот н Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојовски.

Федерацијата на училишен спорт е главен организатор на настанот. Европското првенство за средношколци, ќе трае до 17. јуни, а ќе биде искористено и за запознавање на културно историските и туристички знаменитости на градот Скопје.