25.12.2023

...

Претседателот Перо Антиќ со новогодишни подароци за децата од Заводот за рехабилитација (ФОТО)

Во текот на денот, претседателот на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и тим-менаџерот на сениорската репрезентација, Ѓорѓи Чековски беа гости на Заводот за рехабилитација на деца и на младинци – Топанско Поле – Скопје.

Посетата на оваа јавна установа од социјален карактер, ја искористија да ги израдуваат децата со доделување на посебни подароци, односно кошаркарски топки и новогодишни пакетчиња, момент кој што наиде на огромно воодушевување.