Репрезентацијата до 20 години претстојниот викенд ќе ја нагости соодветната селекција на Романија против која ќе ги одигра последните пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период.
Младинците досега одиграа шест пријателски натпревара и запишаа шест пораза - два против Унгарија, два против Бугарија, еден против Црна Гора и еден против Русија.
Репрезентацијата водена од Никола Василев, Дарко Радуловиќ, Николче Божиноски и Будимир Јоловиќ на 12. јули ќе замине за Бугарија, каде ден подоцна ќе го одбележи почетокот на Европското првенство (дивизија Б).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
7. јули (сабота) (МАЛА САЛА СЦЈС)
Почеток 18:00
МАКЕДОНИЈА - Романија
СТАТИСТИКА
8. јули (недела) (МАЛА САЛА КАЛЕ)
Почеток 18:00
Романија - МАКЕДОНИЈА
СТАТИСТИКА