02.08.2021

Гостите стигнаа до триумф (81:59) на првата проверка против нашиот сениорски тим, со подобра игра во вторите 20 минути

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР: Црна Гора со многу подобро второ полувреме и победа

Нашата најдобра селекција го одигра првиот контролен натпревар во периодот од подготовките.

На средбата во СЦ „Јане Сандански“, селекцијата на Црна Гора беше подобар ривал, и славеше победа од (81:59)

Селекторот на нашиот национален тим, Драган Бајиќ одлучи да го одигра овој прв вистински тест со доста играчки ротации. И уште во првиот период, на теренот во СЦ „Јане Сандански“ практично „извади“ на теренот две петорки.

Добро го отворивме овој контролен меч, поведовме со (12:6) за нецели пет минути од играта. Но Црногорците го свртија резултатот. Имаa своја серија (13:3) со која преминаа во водство (19:15), за првата четвртина да биде затворена со плус 6 за гостите (21:15).

Во продолжението на средбата во „Јане Сандански“, селекцијата на Црна Гора го одржуваше водството, имаа вишок и од девет поени (30:21). Но со шест реализации по ред, односно мини серија од (6-0), се доближивме на (27:30), кога се играше 16.минута.

По тројката на Трајковски бевме уште поблиску, само два чекори зад противникот, (34:36).

Во продолжението на натпреварот, гостинската селекција обезбеди уште повисока предност. Во 25.минута имаа (53:41), за тој период од играта тоа водство го зголемија и на повисоки (57:43).

Ја поправивме ефикасноста во последната четвртина, но не успеавме да го „симнеме“ високата разлика која ја креираше Црна Гора во третиот, се покажа и одлучувачки период од првата „контрола“ во Скопје.

Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар. На 4. август, исто така во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 19.часот.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА     59:81 (15-21; 19-17; 9-19; 16-24)

МАКЕДОНИЈА: Крстевски 7, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 0, Николов 8, Марковски 0, Робев 2, Магдевски 4, Мекиќ 12, Какруки 2, Зекири-, Андоноски 8, Миловановиќ -, Вајли 8, Симиќ 0;  

ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 5, Радончиќ 10, Врбица 2, П. Ѓуришиќ 2, Тодоровиќ 6, Кљајиќ 0, В. Баровиќ-, Спасојевиќ 8, Ф. Баровиќ 6, З.Николиќ 8, Миковиќ -, П.Поповиќ 17, Н.Ѓуришиќ 4;