16.07.2021

Одлично издание на нашите млади кошаркари „Под 15“ во Краљево, и минимален пораз (70:71)

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР: Само на „пола чекор“ зад Србија

Одлично издание на нашите млади кошаркари во Краљево, и минимален пораз на првата „контрола“ во периодот на подготовките.

СРБИЈА У15 – МАКЕДОНИЈА У15         71:70

(16-17; 24-19; 22-16: 9-18)

СРБИЈА У15: Зечевиќ 6, Гачиќ 6, Костиќ 15, Јоксовиќ 1, Дрезгиќ 13, Николиќ, Асани, Ериќ 2, Топчов, Шојиќ 7, Марковиќ, Влајиќ 8, Ѓуриќ, Плисниќ 8, Миличевиќ 6;

МАКЕДОНИЈА У15: Димевски 5, Лукановски 13, Младеновски 3, Стојановски Поповиќ, Стојковиќ 16, Ѓуровски 2, Зетов 17, Петрушевски, Вечипковски 7, Ивановски, Кириловски 4;

Тесен пораз на машката селекција „Под 15“ години на првата проверка на гостувањето во Краљево.

Во доста неизвесна завршница, селекцијата на Србија славеше со минимални (71:70).

Иако во последниот период избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ влегоа со негатива од десет поени (52:62), собра сили да дојдат и во предност. Но во последниот обид на нашиот тим да дојде и до победата, судиите досудиле лична грешка во напад на еден наш кошаркар, па триумфот остана за домашната селекција.

Зетов со 17, Стојковиќ со 16, и Лукановски со 13 поени, беа најпрецизните играчи во нашата селекција.

Денеска, исто така во 18.часот, двата млади тима на Србија и на Македонија ќе одиграат уште еден контролен натпревар.