Кошаркарската Федерација организира "МИНИБАСКЕТ ФЕСТИВАЛ 2025" во склоп на ФИБА проектот "Alley-oop", за клубовите од западниот дел на државата.
Место на одржување: СРЦ "Кале" - Скопје
Датум на одржување: 02.март 2025 (недела)
Учесници: генерации
- 2015/16 машки
- 2015/16 женски
- 2017/18 машки
- 2017/18 женски
- Доколку некој има мешана екипа (машки со девојчиња), да се напише во пријавата и која генерација се.
*** Секој клуб е ограничен да пријави максимум 3 екипи од една генерација.
Котизација не се плаќа и секое дете учесник добива медал, а секој клуб учесник добива пехар.
Правила на пријавување:
- Секоја екипа доставува пријавна листа со најмногу 15 играчи најдоцна до 07.февруари 2025 (петок).
Пријавувањето се врши на меил: minibasketliga@basketball.org.mk