15.11.2021

Ќе бидат одиграни неколку квалификациски, и еден финален турнир на кој ќе биде прогласен зимски 3х3 шампион.

Пријави се - Зимска 3х3 лига 2k21/22

Завршува календарската година што значи и почеток на ново издание на зимска 3х3 лига. 

По успешната премиерна сезона Кошаркарската Федерација во соработка со 3x3 Macedonia повторно ќе ја организира зимската турнеја, која ќе се одвива во идентичен формат како и претходната.

Ќе бидат одиграни четири квалификациски турнири и еден завршен. Најдобрите дванаесет екипи ќе се борат за престижниот трофеј и за награда во висина од 2000 евра како и слот за challenger турнир. Второпласираната екипа ќе заработи половина од тој износ, а екипата која ќе го освои третото место ќе добие 500 евра.

Котизација за учество изнесува 100 евра по екипа. Секоја екипа ќе добие брендиран дрес за настап кој задолжително мора да се носи за време на натпреварите од турнирите. Секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за победникот односно 100 евра за финалистот.

Пријавувањето е отворено до 29. ноември 2021 година, а сите заинтересирани екипи можат да се пријават на  следната електронска адреса: 3x3@basketball.org.mk. Екипите можат да пријават најмногу шест играчи. Играчот кој веќе е пријавен во една екипа, не може да премине во друга до крајот на турнејата.