Селекцијата на Естонија, нашиот главен конкурент за пласман на Евробаскетот во 2022 година, патува во Перм со двајца кошаркари помалку од списокот кој пред некој ден го предаде, односно планираше селекторот Јука Тоијала.
Раин Вајдеман, кој важи за еден од поискусните во естонската селекција, поради проблеми со грбот, нема да патува за Перм, а негова замена ќе биде Егерт Халер, кој доби дополнителен повик и за прв пат во кариерата ќе работи со сениорите.
За потребите на „балонот“ во Перм, Јука Тоијала ги одреди следите кошаркари: Кристијан Куламае, Стен-Тиму Сок, Раит-Риво Лане, Март Росентал, Егерт Халер, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Јанари Јесар, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Крегор Хермет, Капар Трејер, Рауно Нургер, Маик-Калев Котсар, и Микел Кирвес.
Многу извесно е дека Тоијала нема да може да смета и на еден од најдобрите естонски играчи во овој момент, Сандер Раиесте. Кошаркарот на шпанскиот првак, Басконија, не доби дозвола за настап на турнирот во Русија.
Естонците попладнево заминуваат за Перм по два одработени тренинзи во Калев.