09.04.2022

Втората сезона од зимската 3х3 лига е сè поблиску до разврската

Продолжи доминацијата на Кино Влае и на третиот квалификациски 3х3 турнир

Момците од Кино Влае полека, но сигурно ја освојуваат 3х3 сцената во Македонија откако баскетџиите од скопската екипа ја наметнаа својата апсолутна доминација и на третиот квалификациски турнир од втората сезона на зимската 3х3 лига. Со 21-18 во финалниот натпревар, Димитар Лазаревски, Милорад Миновски, Христијан Ристов и Марко Дујковиќ ги совладаа момците од Црно Црвено кои го освоија второто место на турнирот.

До крајот на тековната сезона има уште еден квалификациски натпревар, а потоа следи големото финале кое ќе го одреди зимскиот шампион.

Резултатите од денешниот квалификациски турнир се достапни на следниот линк

Фотографиите од истиот ќе бидат објавени на Facebook страницата на 3x3 Macedonia.