27.01.2020

ПРОДОЛЖИЈА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРВАТА ЛИГА-ЖЕНИ: Силен почеток на „баделки“, стружанки тешко со Крива Паланка

Бадел 1862 беше повеќе од убедлив против Гостивар 2009, (96:20), додека неизвесно беше во Струга, каде домашната екипа беше за поен подобра од Крива Паланка (41:40)...

 

По чекање од повеќе од еден месец, продолжија натпреварите од Првата лига во женска конкуренција. И тоа со натпреварите од десеттото првенствено коло.Коло во кое еден од фаворитите за шампионската титула, екипата на Бадел 1862 немаше тешка задача во дуелот со Гостивар 2009. Славеа со повеќе од убедливи (96:20).

Многу потешко победија кошаркарките на Струга 2009. Во дуелот со Крива Паланка беа само за поен подобри. Славеа со минимални (41:40), но доволни да се одржат во трката за првото место на табелата заедно со Бадел 1862 и со Вардар, екипата која свој меч со Пантери ќе го одигра з анеколку дена.  

Две гостински победи реализираа Баскет КАМ во мечот со Пробаскет Академија (62:45), и Студент Академија која беше многу подобра од делчевски Патриот 2016 со (90:44).

До втор успех во десет кола стигнаа и младите кошаркарки на Трокал. Кавадарчани беа подобри од екипата на Шкупи (46:23).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Бадел 1862 – Гостивар   96:20
Струга 2009 – Крива Паланка  41:40
Пробаскет Академија – Баскет КАМ  45:62
Патриот 2016 – Студент Академија   44:90
Трокал – Шкупи    46:23
Пантери – Вардар одложено

ТАБЕЛА: Бадел 1862 19, Струга 2009 19, Вардар 18, Баскет КАМ 17, Крива Паланка 15, Пробаскет Академија 15, Студент Академија 15, Гостивар 2009 14, Трокал 12, Пантери 11, Шкупи 11, Патриот 2016 11

ИДНО КОЛО (01.02)

Крива Паланка – Трокал
Баскет КАМ – Пантери
Студент Академија – Пробаскет Академија
Шкупи – Бадел 1862
Вардар – Струга 2009
Гостивар 2009 - Патриот 2016